На меѓународниот ден за побезбеден интернет 2024, во ООУ „Св. Кирил и Методиј" се одржа работилница за родители на тема „Да ги заштитиме децата на интернет".
На работилницата родителите се запознаа што е сајбернасилство, каде најчесто
се случува, што се лични податоци, преку кои форми се манифестира сајбернасилството,
какво може да биде, кои се причините зошто некои деца стануваат сајбернасилници
и какви се нивните карактеристики, како да се заштитат учениците од
сајбернасилство и др. Потоа преку дискусија родителите ги проширија своите сознанија на кои начини децата се поврзуваат на интернет: сурфање, социјално вмрежување, користење на
електронска пошта, разменување пораки, мобилни телефони/ безжични уреди,
постирање на видеа и фотографии онлајн. Дискусијата продолжи во насока на
придобивките од користењето на интернетот, можните ризици, а родителите добија и
совети за минимизирање на потенцијалните ризици. На крајот уште еднаш
резимиравме дека потребна е континуирана будност за активностите на децата на
интернет.
Работилницата ја водеа наставничката по информатика Родне Петрушева и психологот Соња Ристовска.





No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.