Членовите на ЕКО тимот при ООУ„Св.Кирил и Методиј“, во рамки на својата програма на активности, го одбележаа 11 Декември, денот на Планините. Учениците имаа можност да проследат едукативна презентација за важноста и значењето на планините, а благодарение на личните искуства на наставничката Марија Славевска и нејзините доживувања на планина, како и адреналинскиот алпинизам со кој таа се занимава активно, имавме несекојдневна можност да ја доживееме планината од близу. Активностите продолжија на планина. Наставникот по физичко и здравствено образование Злате Стојковски нè предводеше на пешачка тура до Вршник, каде група ученици од шесто и седмо одделение уживаа во благодетите на планинарењето и прекрасните глетки. Како завршна активност, направивме прекрасен колаж од фотографии, под мотото „Планината низ мојот објектив“.
И, како што би рекол
Ј.В.Гете, „Само на планина сфаќаме колку сме мали - и колку можеме да
пораснеме!“
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.