Неделата што помина беше исполнета со повеќе активности на кои земаа учество наши ученици.
Ликовна работилница на
тема „Поетски слики" по повод 60 години постоење ДСУ РЦСОО „Коле
Неделковски". На оваа работилница учествуваа Сара Лазарова, Марија
Николовска, Теодора Костовска, Татјана Арсова, Мартина Кочовска и Христина
Тодорова.
XXIX по ред Ликовна работилница по повод 3 Декември се
одржа во просториите на ОУРЦ „Маца Овчарова“. Учествуваа нашите ученици, Марта
Јанушева, Јована Арсовска, Ивана Брашнаров и Јана Урумова. На оваа
работилница Јана Урумова освои трета
награда, честитки за неа.


No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.