Во периодот од 1 до 24 декември, во рамки на воннаставните активности, учениците: Ана Ивева, Лазе Воденичаров, Теодора Димовска, Иван Ѓошев, Зепа Нурческа од 9б одделение и учениците: Сара Лазарова, Симеон Анчевски, Јана Урумова, Петар Саздовски, Ивана Брашнаров, Мартина Цекова од 8б одделение под менторство на наставничката по Физика - Христина Цилакова учествуваа во едукативна активност со експериментален и истражувачки карактер, организирана во форма на секојдневни научни предизвици.
Активноста се
реализираше преку следење на кратки видео-записи со едноставни научни
експерименти, кои учениците имаа можност да ги реализираат во домашни или
училишни услови, користејќи лесно достапни материјали. По секој прикажан
експеримент, учениците одговараа на прашања поврзани со набљудуваните појави
преку специјализирана веб-платформа.
Со учеството во
активноста се поттикнуваше истражувачкото учење, логичкото и критичкото
размислување, како и примената на научните поими во практични ситуации. Учениците
покажаа зголемен интерес, активност и љубопитност за природните науки, особено
во областа на физиката.
Активноста беше
реализирана во рамки на 12-ти. Предбожиќен натпревар „Physics in Advent 2025“,
организиран од Georg-August Универзитетот во Гетинген, со поддршка на
Германското, Швајцарското, Холандското и Австриското друштво на физичарите,
како и Европското друштво на физичарите.
Сите ученици кои активно
учествуваа во активностите се здобија со сертификати за учество и постигнувања,
што претставува дополнителна мотивација и признание за нивниот ангажман.
.jpg)



.jpg)

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.