Општински натпревар по физика

Во нашето училиште на ден 6.2.2026год. успешно беше организиран училиштен натпревар по физика, на кој учествуваа ученици со изразен интерес и знаења од областа на природните науки. Натпреварот им овозможи на учениците да ги покажат своите способности за логичко размислување, решавање проблеми и примена на стекнатите знаења во практични и теоретски задачи.
Под менторство на наставничката по физика-Христина Цилакова, учениците од 8б одделение Сара Лазарова и Јана Урумова постигнаа висок успех и обезбедија пласман на регионалниот натпревар. Овој успех е потврда за нивниот труд и талент.
Регионалниот натпревар по физика ќе се одржи на 4.4.2026 година.
Честитки за постигнатиот успех и многу среќа на претстојниот натпревар!




No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.