По повод денот на училиштето ООУ„Стојан Бурчевски Буридан" Иванковци беше организирана ликовна работилница за ученици од VI до IX одд. На работилницата учествуваа нашите ученици Ева Перкова од VIIб и Тамара Николова од IXб и изработија прекрасни ликовни творби кои ќе го разубават просторот во подрачното училиште во село Сујаклари.
Шаховски турнир
ОOУ „Св. Кирил и Методиј“ зеде активно учество на шаховски турнир организиран од ОOУ „Стојан Бурчевски Буридан“ по повод патрониот празник на училиштето. Настанот беше одлична можност за дружење, натпреварување и развивање на логичкото размислување кај учениците.
Турнирот
беше поделен во два дела: одделенска настава (од 1 до 5 одделение) и предметна
настава (од 6 до 9 одделение), со што секоја возрасна група имаше можност да се
натпреварува во соодветна категорија.
Учениците од нашето училиште постигнаа
одлични резултати.
Одделенска настава:
Стефан
Димовски - второ место,
Никола
Андоновски - трето место,
Павел
Арсовски - учество,
Филип
Петрушевски - учество,
Давид
Панов - учество,
Иван
Павлов - учество.
Предметна настава:
Јована
Арсовска - учество,
Благој
Индов - учество,
Лили
Радевска - учество,
Ѓорѓи
Стојанов - учество,
Теодора
Јанушева - учество.
Горди сме на нивниот успех и посветеност, и им посакуваме уште многу победи во иднина.
Еко активисти на ЕКО тимот!
По повод 22 април - Денот на планетата Земја, организиравме едукативна и креативна работилница посветена на подигнување на свеста за заштита на животната средина. Настанот имаше за цел да ги поттикне учесниците да размислуваат одговорно и да преземаат мали, но значајни чекори кон зачувување на природата.
Во рамки на
работилницата, учениците имаа можност
да научат повеќе за важноста на екологијата и одржливиот начин на живот.
Работилницата претставуваше одлична можност за дружење,
учење и заедничка акција во насока на заштита на нашата планета.
Денот на планетата Земја
На 22 април го одбележавме Денот на планетата Земја. По тој повод, учениците од 1-5 одделение при ПУ с. Црквино, заедно со своите одделенски раководителки и наставничката по англиски јазик, реализираа низа активности со цел подигнување на свеста за зачувување на животната средина.
Преку разговори,
едукативни содржини и креативни активности, учениците ја истакнаа важноста од
грижата за природата, чистата околина и одговорното однесување кон планетата
Земја.
Со заеднички труд и
ентузијазам, испративме порака дека секој од нас може да придонесе за почиста и
поздрава животна средина.
58. Регионален натпревар по физика
На
58. Регионален натпревар по физика со своето знаење, посветеност и љубов кон
науката, ученичката Сара Лазарова
од 8б одделение освои пофалница и обезбеди пласман на државниот натпревар,
додека Јана Урумова од 8б одделение-учество,
под менторство на наставничката по Физика Христина Цилакова.
Продолжуваме
да ги негуваме знаењето, љубопитноста и стремежот кон извонредност и посакуваме
многу успех на претстојниот државен натпревар!