Конечни резултати - прв циклус



Заврши првиот циклус од ЕКО – акцијата за собирање на хартија и ПЕТ пластична амбалажа. Досега собравме 1205 кг хартија и 12263 шишиња.

Досега највеќе хартија донесоа:

1.VIа – 149.5 кг

2. VIб – 101.5 кг

3.VIIIв – 88.5 кг

Исто така најмногу шишиња собраа:

1.VIа – 1153

2.Vб – 909

3.Vв/9 – 806






Резултати од 27.12.2010

Во собирната акција за хартија и ПЕТ пластична амбалажа која се одржа на 27.12.2010 вкупно собравме 52 кг стара хартија и 1312 шишиња.

Најмногу хартија собраа:

1.VIIIв – 13кг

2.IIIа – 6кг

3.VIа и VIв – 5кг

Најмногу шишиња собраа:

1.IVa - 190

2.VIа и Vв/9 - 158

3.IIв - 108

Резултати од собирната акција

Од 4 собирни акции собравме 1041 кг стара хартија и 10123 шишиња.

Досега хартија најмногу донесоа:
1. VIа - 133 кг
2. VIб - 98, 7 кг
3 Vв/9 - 71 кг

Шишиња најмогу донесоа:
1. VIa - 936
2. Vб- 806
3. Iв - 601

Почеток на Еко акција

На 15.11.2010 (понеделник), свечено започнавме со собирната акција на стара хартија и ПЕТ пластична амбалажа.

Одговорните ученици го мереа и евидентираа собраното количество на хартија на ниво на одделенска заедница, додека учениците одговорни за информирање истовремено ги соопштуваа резултатите преку разглас.

Напоредно во училишниот двор се спроведуваше собирната акција на пластични шишиња. Се забележуваше натпреварувачка атмосфера, во која учениците вредно ја собираа и сортираа пластичната амбалажа. Одговорните ученици ги евидентираа собраните количества на ниво на одделенска заедница, додека сите останати нестрпливо ги очекуваа резултатите кои на наше задоволство беа зачудувачки.

Оваа акција ќе продолжи континуирано секој понеделник во текот на учебната година





















ЕКО акција

OОУ„Св.Кирил Методиј“ започна со реализација на активностите од екопроектот „Чиста и здрава средина - светол пат кон иднината“.

По спроведената анализа на состојбата на животната средина, сите наставници и ученици од еко-одборот активно учествуваа и работеа тимски на изготвувањето на планот со активности, каде што беа одредени:

Цел на проектот: Развивање на свест за зачувување на чиста животна средина.

Намери:

1. Учениците да научат дека ПЕТ пластичната амбалажа не е ѓубре, дека може да се преработи и повторно да се употреби.

2. Учениците да разберат дека со рециклирањето и повторната употреба на хартијата се спасени од сечење многу стебла кои значат живот.

3. Eдукативни и конкретни еколошки активности на терен и подигнање на јавната свест кај населението за заштита на животната средина.

Потоа се пристапи кон одредување на лого и поставување на еко пароли во училиштето, изработивме еко-катче за собирање на стара хартија и поставивме еко-кош во училишниот двор.










.