Информирање на родителите, учениците и вработените за спроведувањето на еколошките активности на нашето училиште

Еве сме на крајот на календарската 2012 г. или на крајот од прво полугодие, кога се сумираат резултатите од активностите во изминатиот период.
Акцијата за собирање на пластична амбалажа и стара хартија се одвива веќе трета година во нашето училиште, и тоа доста успешно, благодарение на нашите  ученици. Нивното редовно и уредно носење на пластична амбалажа и стара хартија секој понеделник резултираше со одлични резултати. Нашето училиште зема активно учество за одбележување на светскиот Ден на акција  преку организирање на активности во младинскиот парк во градот,како возење ролерки,вишење летала со еко пораки,изложба на експонати од природни матријали,културно-уметничка програма  итн.
Координаторот на проектот Ирена Андреева заедно со ученичката Мартина Гаџова-член на еко одборот, земаа учество во утринската програма Велес наутро која се емитува на локалната ТВ Канал 21. Тие ги промовираа сите активности на училиштето во рамките на еко проектот.
Дел од пластичната амбалажа што ја собравме, ја искористивме за изработка на експонати од пластична амбалажа, со кои што земавме учество на републичкиот натпревар на фирмата – ПАКОМАК.
Со помош на нашите вредни наставнички и ученици изработивме новогодишни експонати на Дедо Мраз, Снешко, Новогодишна елка, Ангел, Зајак и се од пластични шишиња.
Еко – паролите успешно ја извршуваат својата работа и редовно ја контролираат потрошувачката на вода во училиштето. Се контролира и работата на компјутерите и доколку тие непотребно се вклучени,членовите на еко-паролата ги исклучуваат. Еко-паролите ја контролираат и работата на светилките и сите електрични уреди во училиштето.
На еден од одделенските часови меѓу учениците беше спроведена анкета за тоа колку знаат за водата, потребата од неа и нејзината заштеда, извори, потрошувачката и нејзиното штедење. За истото беше дискутирано со учениците кои покажаа голем интерес за начините на штедење на водата. Анкетен прашалник беше спроведен и меѓу наставниците од одделенска и предметна настава.
Во периодот од месец Септември до месец Декември 2012 год. собрани се вкупно 11003 пластични шишиња и тоа: 10409 шишиња се собрани во ООУ„ Св.Кирил и Методиј” а 594 шишиња се собрани во подрачното училиште во с.Црквино. Во досегашната собирна акција, на прво место за собрана пластична амбалажа е паралелката на VII-б одд./8 со собрани 1429 пластични шишиња, второ место е III а одд. со собрани 833 шишиња и на трето место е VIII одд. со собрани 764 пластични шишиња.
Во наведениот период собрани се вкупно и 510 кг. стара хартија. На прво место е паралелката на VII/9 одд. со собрани 67,5 кг. стара хартија, второ место е паралелката на IV- в одд. со собрани 62,7 кг. хартија и на трето место е IV-б одд. со собрани 44,85 кг. стара хартија.
Целта на овој еко-проект  е да ги поттикнеме сите вработени дека само со континуирана и заедничка работа  можеме да  направиме нашето училиште да биде  здрава и чиста животна средина во која ќе може да се учи и работи. Со мали акции и промени на навиките, може да се постигне многу. Треба сите да бидеме свесни за потребата да делуваме локално, а да мислиме глобално.
Почитувани ученици ,наставници и родители

Да продолжиме и понатаму со негување на еколошките навики, да ја штедиме енергијата и водата, да се грижиме за чистотата во училиштето и да потврдиме зошто сме еко-училиште за пример во нашиот град – носител на највисоко ниво на награда од областа на екологија – Зелено знаме.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.