A magical intercultural friendship network

Во периодот од 24 Октомври до 19 Декември 2018 година, учениците Марија Кочова, Лиле Петрова, Илија Амбарков, Јана Крајчева, Јована Масинова, Марија Сарагиновска, Матеј Стојанов, Ангела Петрушева, Ања Саздова и Тодор Недев, под менторство на наставникот по информатика Родне Петрушева, беа дел од меѓународниот проект „A magical intercultural friendship network“.
Во овој проект учествуваа повеќе од 10 000 учесници од над 30 земји и повеќе од 400 училишта.
Проектот имаше за цел интеркултурно поврзување на децата, припадници на различни народи во целиот свет, преку врсничко учење за другите народи, нивните земји и култури.
Во предвидената временска рамка успешно беа реализирани сите 7 задачи, преку кои учениците дадоа свој допринос во постигнувањето на 4-та цел од 17-те развојни цели на ОН: Квалитетно образование.

Дел од активностите може да се видат тука




Театарска претстава „Снешка Смешка и Тео Текнувало го спасуваат Дедо Мраз“


На 20 и 21.12.2018 година, учениците од прво до шесто одделение, заедно со нивните наставници, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ ја посетија новогодишната претстава за деца „Снешка Смешка и Тео Текнувало го спасуваат Дедо Мраз“. Оваа претстава е адаптирана и режисирана од Ненад Витанов, а во неа настапуваат актерите Талија Настева како Снешка Смешка, Фаик Мефаиловски во улога на Тео Текнувало и како Дедо Мраз, Жарко Спасовски како Принцот Мраско, а режисерот Ненад Витанов се појавува како наратор.





„Ајде сите да подадеме рака, секој секого да почитува и сака“

Под мотото Ајде сите да подадеме рака, секој секого да почитува и сака“ а во рамките на МИМО проектот, во ООУ "Св.Кирил и Методиј" Велес како и во подрачното училиште во с.Црквино беше реализирана ликовна и литературна креативна работилница на која учениците твореа литературни творби и пишуваа пораки, изработуваа новогодишни украси и честитки со графичка техника линорез. Исто така во рамките на истиот проект беше организиран квиз со МИМО содржини кои се однесуваа на мултиетничките општества во светот и соживотот на луѓето со различна етничка припадност. Квизот го подготвија и реализираа наставниците по англиски јазик.









Литературен и ликовен конкурс

По повод Денот на училиштето ООУ„Блаже Конески " Велес распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Уметноста го разубавува животот“ (Art makes life beautiful) на кој учениците имаа можност да пишуваат на македонски јазик и на странските јазици кои ги изучуваат. Нашите ученици ги освоија следните награди:

Англиски јазик:
Марија Кочова VIII a одд. - I награда, ментор: Ирена Андреева
Марија Зафирова IX a одд. - III награда, ментор: Ирена Андреева
Марија Бошевска VI б одд. - III награда, ментор: Павлина Харалампиева

Македонски јазик
Илија Амбарков VIII a одд. - II награда, ментор: Aнита Мирчева 
Симона Пасламушкова VII a одд. - III награда, ментор: Маја Јовановска

Ликовно образование
Теона Јаневска VIII a одд. - II награда, ментор: Илчо Стојановски 
Јана Крајчева VIII a одд. - III награда, ментор: Илчо Стојановски

Честитки за сите ученици и нивните ментори!




Литературен конкурс - ССОУ „Коле Неделковски“ Велес

Нашите ученици континуирано учествуваат на многу литературни конкурси, на општинско, државно и меѓународно ниво и освојуваат многубројни награди.  
Во низата активности кои беа реализирани од страна на ССОУ„Коле Неделковски“ Велес, по повод Денот на училиштето, беше распишан и литературен конкурс, на тема „Есенските лисја на мојот прозорец“, на кој учествуваа и голем број наши ученици, кои твореа проза и поезија, во повеќе категории.  Беа наградени следниве ученици:
Марија Анастасова - II одд., трета награда, ментор Марјанчо Филипов;   
Марко Јовановски - IV одд, втора награда, ментор Сузана Павловска;
Лидија Костова - IV одд, трета награда, ментор Сузана Павловска;
Маја Ончева - V одд., прва награда, ментор Снежана Бошевска; 
Катерина Мицева V одд., трета награда, ментор Снежана Бошевска; 
Ива Ракиџиева - VI одд., прва награда, ментор Маја Јовановска;
Марија Бошевска - VI одд., прва награда, ментор Маја Јовановска;
Марио Ангелевски - VI одд., втора награда, ментор Маја Јовановска;
Симона Пасламушкова - VII одд., прва награда, ментор Маја Јовановска;
Анастасија Ѓошева - VII одд., прва награда, ментор Маја Јовановска. 
На доделувањето на дипломите, кое се одржа на 18.12.2018 година во просториите на училиштето, беа наградени и учениците Марија Коцевска и Кристијан Гајдов од IX одд., за успешно учество во играта „Не лути се човече“, под менторство на наставничката Вера Цветкова.                                                    
Честитки за сите и да се множат наградите!       


                                          

Квиз „Примена на природните науки“

Учениците од нашето училиште, Марија Коцевска и Андреј Андреев, како и наставниците по математика, Вера Цветкова, Мелита Неделчева и Трајче Максимов, на 19.12.2018 година,  беа дел од квизот „Примена на природните науки" по повод Денот на училиштето ООУ„Блаже Конески“. На овој квиз, учениците го покажаа своите одлични знаења и стекнаа нови и другаруваа со ученици од другите општински училишта.